Tuesday, May 3, 2016

Пиво Фест

 

                                    Пиво Фест 
Пиво Фест е најголемата балканска манифестација на која со задоволство доаѓаме да пееме, пред се заради добрата организација, но и бројната публика која доаѓа четири дена да се забавува и да се дружи со нашата песна,,. Ова е ставот на многубројните музичари кои изминатите години доаѓаа да учествуваат на фестивалот, кој од година во година руши рекорди по број на посетеност. Низ годините се претставија врвни музички sвезди кои придонесоа Прилеп да биде на врвот на туристичката фестивалска мапа на Балканот, меѓу кои Северина, Цеца, Здравко Чолиќ, Жељко Самарџиќ, Хладно пиво и многу други македонски музички имиња како Владо Јаневски, Ефто Пупиновски.... 
Годинава се одржа во знакот на 1000 од постоењето на градот и 90 години од формирањето на Прилепската пиварница. Пиво фест прерасна во исклучително значајна манифестација, преку која се препознава градот. Тимот вложи многу труд,  но градот доби многу, не само на препознатливост, популарност, туку и по економски бенефит, додека во јулските денови се е во знакот на пивото, скарата и музиката. 
Жељко Самарџиќ прекриен со македонското знаме рече: Македонците се музикална нација. Горд сум што имав одличен настап на фестивалот, кој меѓу нас колегите важи за најпопуларните на балканските простори. Му посакувам многу успех. 


Театар - Војдан Чернодрински


                                         Театар - Војдан Чернодрински 
Театарската уметност во Прилеп има длабоки корени. Според податоците, уште во некогашното ќелијно училиште на даскалот Ристо Думбало на почетокот на XVIII век се направил училишен театар за деца. Подоцна продолжил Поп Дингуле. Во овој театар се раскажувале басни, приказни и се рецитирале епски песни. Во 1887 година наместо децата играле даскалите, кои биле нарекувани бабари. Тогаш прв пат во Прилеп се слушнало за Молиер. Активноста на аматерскиот театар траела долги години. Во 1924 година била поставена претставата - Македонска крвава свадба од Чернодрински. Потоа се родиле бројни претстави. По ослободувањето, во 1949 година била донесена одлука професионално да започне со работа театарот Војдан Чернодрински. 
Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведба на претставата Кир Јања од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои несебично 
"гореле" на сцената биле: Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски и Димче Шилоски. Подоцна доаѓаат и Димче Гешоски и Кирил Жежоски. 
Сцена од претставата Кир Јања, првата претстава на НТ Војдан Чернодрински.